| четврток, 6 декември 2018 |

Дали е ова новиот Балканец-рекордер? Преживеал со 7 промили алкохол во крвта

Лекарите од Одделението за токсикологија на Клиниката за ендокринологија и дијабетес во Ниш велат дека рекордер е нивни сограѓанин кој преживеал со дури 7 промили алкохол во крвта.

Докторката Слободанка Мишиќ вели дека борбата за животот на овој неславен рекордер била тешка.

– Со четири промили алкохол во крвта луѓето паѓаат во кома, меѓутоа овој пациент, кој инаку е хроничен алкохоличар, успеавме да го спасиме. Донесен е во болница речиси полумртов, сторивме сè што можевме и преживеа – вели докторката.

Таа додава дека овој човек преживеал бидејќи организмот му бил навикнат на големи количини алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top