| четврток, 6 декември 2018 |

Желбата му се исполни, синот на Бонучи го запозна идолот!

leonardo bonuci

Малиот Лоренцо, синот на италијанскиот стопер Леонардо Бонучи, плачеше за време на прославата на титулата на Јувентус затоа што мораше да носи дрес од „бјанконерите“, но премногу брзо неговите солзи се претворија во насмевка затоа што го запозна својот идол од Торино.

Лоренцо имаше прилика да се сретне со Андреа Белоти, главната ѕвезда на Торино. Иако татко му игра во Јувентус, Лоренцо е голем фан на „биковите“. Очите му светкаа од радост, а насмевката на неговото лице блескаше додека беше во прегратка на италијанскиот репрезентативец.

beloti

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top