| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се за пекол-врнежите ќе престанат, а летово ќе биде изгор!

vreme

Долги периоди на горештина, вклучувајќи неколку опасни топлински бранови, ќе претставуваат главни проблеми во јужна и источна Европа во текот на летото кое доаѓа, тврди Аку ведер.

Од друга страна, Ирска и Обединетото Кралство ќе патат од недостиг на топлина. Покрај тоа, серија бури со грмотевици ќе ги погоди земјите од Франција до Чешка и Полска.

Јужна Европа ја очекува долго, топло лето, бидејќи се предвидуваат долги периоди на екстремни горештини на подрачјето од Италија до Балканскиот полуостров.

vreme2

Ова ќе резултира со неколку опасни топлински бранови во текот на летото, а барем еден ќе трае подолго од седум дена.

vreme3

-Во текот на најинтензивните топлински бранови, можна е рекордна горештина – рекол метеорологот на Аку ведер, Алан Реперт.

Локациите од Македонија и Бугарија, па до Унгарија и Романија, ќе имаат најголем ризик од топлинските бранови.

-Уште еден проблем кој ќе настане во тоа подрачје е смогот, но и лошиот квалитет на воздухот- рекол метеорологот Тајлер Ројс.

Ваквото време исто така ќе ја ограничи количината на врнежи, што ќе го зголеми ризикот од суша.

Додека јужна и источна Европа ќе бидат погодени од големи горештини, бурите од време на време ќе ја ублажуваат температурата на подрачјето од Франција до Германија и Полска.

Иако тие подрачја ќе бидат погодени од горештини, тие нема да бидат долготрајни поради честите невремиња, од кои некои ќе бидат премногу силни, проследени со изолирани торнада.

Честите дождови и бури воедно ќе ја зголемат опасноста од поплави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top