| четврток, 6 декември 2018 |

Побарал прошка, па разнел 22 лица – убиецот од Манчестер пред нападот се јавил на неговата мајка!

napad

22-годишниот Салман Абеди, кој во понеделникот убил 22, а повредил 59 лица на влезот на Манчестер aрена, неколку часа пред масакрот наводно контактирал со својата мајка.

Повикувајќи се на информациите од либискиот службеник задолжен за борба против тероризмот, АП пишува дека Абеди неколку часа пред нападот заѕвонил на телефонот на својата 50-годишна мајка Самија Табал и ѝ рекол „Прости ми“.

Меѓутоа не е познато дали таа знаела за што зборува нејзиниот син, ниту дали го пријавила тоа на полицијата.

Самија Табал е инаку угледна нуклеарна физичарка, која, според „Делји телеграф“, била првенец на својата генерација на Универзитетот во Триполи. Инаку, британската полиција до сега уапсила седум личности што се осомничени дека се поврзани со нападот, а како што пренесуваат медиумите, пронајдени се уште експлозиви кои биле планирани за употреба при нови напади.

Во Либија, исто така, се уапсени и таткото и помладиот брат на атентаторот од Манчестер. Неговиот брат признал дека знаел за нападот и е осомничен дека планирал терористички напад во Триполи, објавува либиската безбедносна служба.

Таткото на напаѓачот, Рамадан Абеди, кој е поврзан со Ал-Каеда, изјавил дека со синот последен пат разговарал пред пет дена преку телефон и дека сè било нормално.

Рамадан Абеди тврдел дека неговиот син бил во Либија пред еден и пол месец и дека ја известил својата фамилија дека ќе оди на аџилак во Мека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top