Душко Тошиќ тврди дена нема никаква афера со девојката со која во автомобилот го фотографирале турските папараци и дека неговата сопруга Јелена не се сомнева во тоа.
Српскиот фудбалер е фатен после ноќен провод пред познат ресторан во Истанбул. Седел напред во авомобилот, а убавата бринета, манекенката Марија Андоновска била на задното седиште од неговиот автомобил.
-Генерално не давам изјави, но сега морам да кажам што имам. Ова испадна навистина глупаво. Па сите бевме во тој ресторан, јас, мојот пријател Ерол и уште двајца пријатели. Ерол е во врска со таа девојка. Тој е Македонец, бизнисмен кој живее во Истанбул. Тие двајца седеа на задното седиште од мојот автомобил, тврди Тошиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.