| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе почне изградба на нова зграда на Драмскиот театар во Скопје

Наскоро почнува изградба на нова зграда на Драмскиот театар во Скопје. Театар ќе се гради и во Охрид, но покрај театар, охриѓани во нивниот град ќе добијат и конгресен центар и нова катна гаража.

-Со оглед на тоа што Драмскиот театар во Скопје се наоѓа во објект што е многу стар, ние предвидовме во нашата програма изградба на нова зграда односно нов современ театар. Во изминатиот период беше спроведена фазата на проектирање и избор на најповолен понудувач склучен е договор со фирмата што ќе го гради и до крајот на овој месец ќе имаме почеток на градба на нов театар. Финансиските средства се обезбедени, а градбата е предвидено да трае три години. За ова намена ќе се инвестираат 9,5 милиони евра. Ова е уште еден крупен проект во културата – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој потенцираше дека е предвидено и отворање на конгресен центар во Охрид, кој ќе содржи најсворемени услови за разни видови на манифестации и настани, нешто што му недостасува на овој град.

-Па така преку ЕЛЕМ, преку нивната програма за инвестирање во проекти што се нивна општествена одговорност, во изминатите месеци беше избрано идејно решение, а во моментот е распишан оглас за проектирање и ревизија, кој ќе трае до втората половина до наредниот месец. Потоа треба да следува фаза на проектирање и избор на најповолен понудувач. Проценетата вредност е 16,5 милиони евра и овие пари се обезбедени од ЕЛЕМ и овој проект поради своето значење треба да биде наследен и реализиран. Кога сме кај ЕЛЕМ, тие инвестираат и во уште еден проект важен за Охрид и кој е дел од нашата програма, а тоа е нова катна гаража кај Билјанини извори. Проценетата вредност е 3,5 милиони евра, тендерот за проектирање и ревизијата се завршени, а следната недела следува електронска акуција, по изборот треба да почне да се гради.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top