
Првата дама на САД, Меланија Трамп по својата посета во Ватикан, ја посети и детската болница „Бебе Исус“ во Рим и во таа пригода се запозна и се дружеше со многу болни дечиња.
Во болницата се запозна и се фотографираше со едно мало дете од Грција, на кое очајнички му треба трансплатација на срце. Првата дама го држеше за рака и таа слика го обиколи светот.

Меланија со децата се сликаше и правеше селфи, зборуваше со нив, им се потпишуваше на завоите, се смееше и се шегуваше, и потоа разговараше со персоналот, а потоа и се помоли за здравјето на болните дечиња.
-Штом стигнав во Белгија, слушнав дека момчето и неговото семејство повеќе нема да имаат потреба за грижа затоа што донатор за трансплантација на срце е пронајден – објави Меланија.
-Читав книга и го држев за рака тој мал херој, само пред неколку часа и моето срце беше полно со среќа кога ги слушнав убавите вести – напиша таа.
На Меланија оваа посета особено ѝ била тешка и емотивна, а со децата зборувала на италијански.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меланија флертувала со Путин: Трамп само ги гледал, а тогаш претседателот на Русија со една реченица ја купи првата дама!
-
Критики и неверување: Првата дама на САД потрошила 174 илјади долари за 12 часа
-
Ова е европската Меланија: Сопругата на чешкиот премиер во фокусот на медиумите (галерија)
-
Зрак на надеж: Дарко Лазиќ е подобар, утринава го посетила и свршеницата!



