Идентификувани биле уште две жртви од бомбашкиот самоубиствен напад во Манчестер, а станува збор за 17-годишната Клои Рутерфорд и нејзиното 19-годишно момче Лијам Кари.
-Таа вечер нашата ќерка умре и нашиот син умре, нивните крилја беа подготвени, но нашите срца не беа – навеле во заедничкото соопштение семејствата Рутерфорд и Кари.
Тие навеле дека Клои и Лијам „живееле за тоа да истражуваат нови места и различни градови“.
-Сакаа да бидат вечно заедно, а сега и се – навеле семејствата на убиената двојка.
Во нападот во „Манчестер арена“ во понеделникот беа убиени 22 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.