Шпанските медиуми го открија дресот, кој фудбалерите на Реал Мадрид ќе го носат на финалето од Лигата на шампионите на 3 јуни во Кардиф.
Бидејќи Јувентус е „домаќин“ на финалниот меч, екипата на Зидан ќе мора да излезе на терен со виолетовата комбинација со која ќе ја брка својата 12. титула во најелитното натпреварување во Европа.
„Старата дама“ ќе игра со својата препознатлива „црно-бела“ комбинација, со која настапи и на финалето пред 19 години, во кое Реал победи со голот на Предраг Мијатовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.