Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате:
Срамно понижување на македонскиот народ
Могерини докажа кој му дава власт на Заев
Како народот ќе дознае дека неписмената Катица со монтирани случаи ги сместува во затвор патриотите, а ги ослободува терористите по налог на истите тие странци кои ја поставија неа исто како Заев? Преку медиумите? Во моментот се работи на целосно збришување на секој критички настроен медиум кој не ја следи политиката на окупаторите. Непослушните новинари ќе бидат уште пожестоко напаѓани, прогонувани и жигосувани, а медиумите што не се под капата на СДС и Сорос ќе бидат затворани. Всушност, дури и уште пред официјално да биде промовирана квислиншката влада, можеме јасно да ги видиме никулците на новиот фашистички поредок – засилени политички хајки, јавни закани кон новинари што не се по волја на СДС, цензура, најави за реваншизми, освети, закани за уривања споменици… Сѐ во рамките на новиот живот!
Од канализација до кантонизација
Платформата основен услов за новата тиранска влада во Македонија
Зар принципите за коалицирање не беа договорени пред поддршката на „сите без ВМРО-ДПМНЕ“? Тие принципи, и покрај гаранциите, ги покриваат и договореното експресно воведување двојазичност меѓу Заев и Села, како и други делови од тиранската платформа. Принципот на консензуалност, пак, многу веројатно се однесува и на Фрчковиот принцип за „ротирачки премиер“. Така како што по швајцарски принцип се навестија и самостојни албански територии со своја матична евиденција и со своја полиција. Па зошто да не и по принципите на Героски за локални влади, парламенти, за двоење на државата по етнички основи.
Сценарио за фајрон
СЈО по налог на СДС ќе ја уништува ВМРО-ДПМНЕ
Социјалдемократското јабанџиско оружје (СЈО) потфрли во исполнувањето на наложеното. Да, можеби делумно и успеа во мисијата „со две раце“ да помогне во наметнувањето на Заев за мандатар, но неспорен факт е дека му треба продолжение на сопствениот мандат. СЈО е далеку од финиширање на своето недело. Крајната цел е уништувањето на опонентот на патетичниот муртински спасител. Сѐ додека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се присутни во јавноста, СДС без М нема да ја има посакуваната слобода за да ги испорача дадените ветувања, кои и го протуркаа до овде. А долгот е голем и виси над демоНкратските пориви и глави. Не Јанева, прашајте ја Могерини…
Западот и Истокот се судријa на Балканот
Македонската криза не е само македонска
Пред неколку години еден западен политичар во неврзан разговор во еден атински хотел ми рече дека ние Македонците ја потценуваме Македонија, но дека таа е причина за страв, поточно за стравување, кај голем дел од европските и од американските политичари што решаваат за влезот во ЕУ и во НАТО. Тогаш овие зборови ми беа шега, малата Македонија причина за стравување на големите сили кои со една посета на заменик-потсекретар можат да изберат влада. Невозможно. Но, сега како тезата на мојот пријател полека да добива на логика и да наведува на шокантни, но, сепак, реални прашања. Постои ли страв кај нашите западни партнери дека ако Македонија стане дел од ЕУ и од НАТО, ќе стане уште посуверена и уште посамостојна и дека заштитена во друштвото на најцивилизираните демократии ќе се обиде да работи и за себе, а не само за регионалните и за европските интереси. Дали кога стапот ќе исчезне и ќе остане само морковот, Македонија може да им сврти грб на своите партнери? Има ли вистина во тоа дека стабилна Македонија, членка на ЕУ и на НАТО, ќе може сама да решава за проекти од национален интерес кои во исто време, барем на хартија, се во рамки на европските правила. Како на пример гасоводот „Турски тек“.
Колумна на Ацо Станковски
С.Р.А.М.
- Никој не сака да оди курбан за бадијала, маршале. Луѓе како Ганди или Нелсон Мандела се ретки. А и не можеш да очекуваш од нив вакви триумфи на волјата. Сите тие се нежни и внимателни домаќини, кои прво си ја гледаат фамилијата. Нормални луѓе се тоа, маршале. Не можеш од пудлица да направиш лав со помош на добар фризер, нити, пак, од зајак магаре со засилена исхрана. Наше си е да се помириме и да молчиме.
- Па и да се побуниме, како што се буневме сите овие денови, ќе добиевме само главоболки и настинки.
- Така е, маршале, а сето тоа доаѓа од кемтрејловите, кои ги создава длабоката држава, прскајќи во атмосферата од своите авиони за специјални операции супстанции, кои дејствуваат инхибициски на граѓаните. Затоа целата атмосфера е апатична и индолентна. Дури и шарените немаат доволно ентузијазам во своите прослави за добивањето на мандатот од страната на нивниот овчар.
Опасен „цицач“ плови низ Балканот
Ќе се спаси ли Македонија од „Синиот кит“?
„Синиот кит“ – име кое може да биде име на некој добар цртан филм, интересна детска приказна. Исто како „Покемон“ – име познато по цртаниот филм кој многу деца го гледаа. А, не е сѐ така фино и невино – играта за мобилни телефони „Покемон Го“ (Pokemon Go) им овозможи на корисниците во реалниот живот да ја истражуваат околината и на одредени локации да фаќаат виртуелно суштество од играта. Зависник од видеоиграта „Покемон Го“ беше прободен додека ловеше ретки виртуелни суштества и одби да му се укаже медицинска помош за да може да ги фати сите покемони. Се зборува дека „Синиот кит“ зел повеќе од 130 животи.
Децата се изложени на разно-разни информации, опасности, недолични содржини. Додека вие мислите дека вашето двегодишно дете го гледа својот омилен цртан филм на таблет и користите време да завршите некоја домашна обврска, неговото немирно прсте веќе отворило нова содржина – на пример, како Спајдермен ја затруднува Елса од „Фрозен“. Родителите постојано пријавуваат видеа кои се сместени во категорија содржини за деца, но се чини бадијала. Некој е поупорен од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.