Зинедин Зидан е човекот кој за кратко време успеа одново да го издигне Реал Мадрид, дојде тивко минатата година на средина на сезоната да го гаси пожарот направен од Рафаел Бенитез и успеа во тоа со титулата во Лигата на шампионите, а пак во оваа кампања дојде до пехарот во Примера со тоа што на 3 јуни во Кардиф тој и неговите избраниците ќе играат за одбрана на трофејот во најелитното натпреварување.
Ако успее да го направи тоа ќе биде запаметен како прв тренер кој успеал да ја одбрани ЛШ и со тоа да испише нова страница во неговата кариера и автобиографија која е полна со успеси и трофеи.
Овие резултати сите ги воодушевија, па и неговиот поранешен колега од националниот тим Франк Лебеф кој смета дека Зизу треба да биде наследник на Дидие Дешамп.
-Не знам кога Дешамп ќе одлучи или федерацијата ќе одлучи да се ослободи од него, ама чувствувам Зидан ќе биде новиот селектор на националниот тим. Тоа е-нормално ако сака зошто ако продолжи да биде успешен во Реал тогаш нема да се нафати иако столчето ќе биде празно. Тешко е да се биде тренер на Реал подолго време, господинот Перез е нетрпелив. Кога ќе биде возможно Зидан ќе му се приклучи на националниот тим тоа е сигурно – рече Лебеф за „Би-Би-Си“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)