| четврток, 6 декември 2018 |

Понуда која не се одбива, Златан Ибрахимовиќ останува во Манчестер јунајтед?! (видео)

zlatan ibrahimovic

Манчестер Јунајтед ја оствари целта и стигна до титулата во Лига Европа со победата над Ајакс во Стокхолм.

Златан Ибрахимовиќ не беше достапен за Жозе Мурињо на вчерашното финале, поради повредата од четвртфиналниот дуел со Андерлехт, која го остави без настап до крајот на сезоната. Сите шпекулираат дека тој момент е крајот на кариерата на Швеѓанецот на „Олд Трафорд“, но вчера на „Франдс арената“ тој доби понуда која му се допадна.

Тој се сликаше со еден транспарент на навивач на кој стоеше натпис:

– Златан, остани и ќе ти дозволам да спиеш со мојата жена.

Ибракадабра беше импресиониран од овој гест на навивачот, па со насмевка на лицето застана да се слика пред него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top