Новото издание на манифестацијата „Балкански поетски Вавилон“ ќе се одржи на 31 мај, во 12 часот, во Друштвото на писателите на Македонија, со поетски портрет на истакнатиот словенечки писател и научник Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија. За поетското творештво на Милан Јазбец ќе зборува поетот и литературен критичар Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ.
Годинашниот „Балкански поетски Вавилон“ ќе се одржи со учество на 20 автори, членови на македонската писателска асоцијација и со презентирање стихови на истакнати поети од Балканот, добитници на наградата „Книжевно жезло“, признание за творечки опус што традиционално го доделува ДПМ. Стиховите ќе бидат читани на јазиците на кои создаваат авторите на Балканот и во Македонија: на македонски, албански, турски, српски, бугарски, грчки, словенечки, хрватски, влашки, бошњачки и ромски јазик. Програмата ќе ја води Александра Велинова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.