| четврток, 6 декември 2018 |

Активности на Деновите на македонската култура во Белград

Во рамки на традиционалната манифестација Денови на македонската култура во Белград, под наслов „Допирот на Македонија“ и одбележувањето на празникот 24 Мај, Св. Кирил и Методиј, НУ Музеј на македонската борба се претстави со филателистичка изложба Светите браќа Кирил и Методиј – сесловенски просветители.

На 22 мај, во Библиотеката на град Белград, изложбата ја отвори амбасадорот на Република Македонија во Република Србија, Вера Јовановска- Типко. Изложбата предизвика голем интерес кај нашите сонародници од Белград, амбасадори на повеќе држави, како и претставници од Министерството за култура на Република Србија.

На 23 мај, во Библиотеката на град Белград, се одржа и промоција на книгата Македонците во Тетово – од ала турка до ала франга, научното дело на годината, на д-р Бранислав Светозаревиќ.

Во рамки на настаните беа одржани и презентации за Музејот на македонската борба, неговиот концепт, работа и најважните достигнувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top