| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбата во Манчестер е иста како таа во Париз и во Брисел

ydB6ZiA2Jf-mornicavo-svedostvo-od-mancester-spasuvav-devojce-bez-noze-zena-mi-umre-na-raceteВисок претставник на Соединетите Американски Држави изјави дека експлозивот што бил користен во Манчестер  е истиот што бил користен во нападите во Париз и во Брисел, пренесува „Гардијан“.

Републиканецот Мајк Мекол, кој претседава со Комитетот за национална безбедност на Конгресот за АП, вели дека во сите три напади е користен експлозивот ТАТП.

Според него, бомбата во Манчестер е „класична експлозивна направа, која ја користат терористите“ истакнувајќи дека „нивото на софистицираност“ може да значи дека тој што ја направил бомбата бил обучуван во странство.

Исто така, тој наведува дека доказите што се собрани покажуваат дека нападот во Манчестер не е случај на „осамен волк“.

При експлозијата што се случи по концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, загинаа 22, а се повредени 119 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top