| четврток, 6 декември 2018 |

Појадокот не смее да се прескокне затоа што…

Сите понекогаш знаат да го прескокнат појадокот, дали за да поспијат пет минути повеќе, или, едноставно затоа што „не им се отвора уста толку рано“ и само со шолја кафе да заминат на работа. Но појадокот многу важен и ова се причините поради кои треба да појадувате секој ден:

Појадокот ги подобрува концентрацијата, фокусот и продуктивноста
Појадокот не само што го снабдува со енергија вашето тело, туку го храни и вашиот мозок. Јадењето наутро ја подобрува концентрацијата и ја зголемува способноста за фокусирање. Веројатно имате почувствувано дека е тешко да се сконцентрирате додека ви кркори стомакот.

Појадокот ја зголемува енергијата
Луѓето кои го започнуваат денот со појадок имаат повеќе енергија и можат да издржат поинтензивна физичка активност. Тоа значи дека ако појадувате, поголема е веројатноста да го издржите напорниот час по аеробик и полесно да го оформувате вашето тело.

Појадокот го забрзува метаболизмот
Кога не јадете подолг период (во текот на ноќта), телото започнува да „мисли“ дека гладувате и складира повеќе масти. Појадокот го стимулира метаболизмот и го поттикнува телото да согорува калории.

Појадокот го намалува ризикот од дијабетес
Кај луѓето кои појадуваат се намалува ризикот од појава на дијабетес, прекумерна дебелина или кардиоваскуларни заболувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top