Во централните делови на просторот на јужно Скопско и кон југ преку Велешко и дел од Неготинско се наоѓа поголема облачна маса која се преместува кон југ и од која има врнежи повремено и со умерен интензитет. Нови грмежи во овој дел нема, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Вечерва по 20:00 часот грмежи има на северната страна на Пелагонија и тие ќе се преместуваат по на југ, но и ќе слабеат.
На север од македонската граница со Србија се наоѓа послаб бран на нова облачност и врнежи кои се со послаб интензитет и тие ќе преминат преку северните делови во првиот дел од ноќта.
Температурата во Демир Капија и Гевгелија изнесува 19 степени, во Струмица 18, во Штип и Битола 17, во Прилеп, Виница и Охрид 16, во Тетово, Скопје – Зајчев рид и Претор 15, во Берово 13, а во Пожаране и Лазарополе 12 степени.
До 20:00 часот наврнат е воден талог од 16 литри на метар квадратен во Ѓуриште, 5 во Гевгелија и Берово, 4 во Скопје – Зајчев рид и Тополчани, 3 во Крива Паланка, Тетово и Пожаране, 1 во Охрид, Виница и Струмица, информираат од УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.