Дваесет и петгодишната скопјанка по лекарските прегледи е пуштена на домашно лекување.
Вчера околу 18,45 часот во Скопје на локалниот пат кон населбата Драчево во близина на мостот на Маркова Река, Ш.Т. (25) од Скопје била пресретната од М.Р. од с.Студеничани, кој бил со друго лице и со употреба на сила ја внел оштетената во неговото возило, по што се упатиле во непознат правец.
По некое време М.Р. го паркирал возилото и околу 40-тина минути физички ја малтретирал, а потоа ја оставил и си заминал. Девојката си заминала со такси возило, кое случајно наишло. Во 00,40 часот оштетената се упатила на лекарски преглед во ГОБ „8-ми Септември“, а потоа и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде по извршените прегледи констатирани и биле телесни повреди и била пуштена на домашно лекување.
Причина за нападот најверојатно била претходна љубовна врска помеѓу неа и М.Р.
СВР-Скопје превзема мерки за целосно целосно расчистување на случајот.
Фото:илустрација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.