Секс со бившиот
Ве мачат еротски сонови во кои бившиот е главен актер? Веројатно, вашите еротски соништа сакаат да ве упатат на некој нерешен детаљ од вашето минато. Најдобро е со бившиот да се сретнете и со разговор да го решите она што ве мачи. Овие еротски соништа често не значат дека ви недостасува одредена личност, туку дека ви недостасуваат среќните моменти кои сте ги проживеале со таа личност. А, можеби ви недостасува неговата близина или карактеристиките поради кои сте се вљубиле. Секако, најдобро е да соберете храброст и да го побарате.
Секс со шефот
Ова се, особено меѓу жените, прилично чести соништа поради кои ќе се зацрвените следниот пат кога ќе го сретнете шефот. Но, без грижа, ваквите еротски соништа не ја откриваат тајната желба во вас. Најверојатно ве привлекува положбата на таа личност. Ве привлекува моќта и влијанието, а со сексот најмногу се приближувате на изворот на моќ. Договорете состанок со надредениот, а страствениот секс најдобро заборавете го.
Секс во јавност
Дали сте сонувале дека за време на сексот одеднаш сте се нашле целосно голи на фреквентна улица, а притоа ве гледале вашите пријатели и познаници? Таквите еротски соништа се знак за вашата желба за поголема отвореност и искреност во некоја област од животот која ви е важна вам. Можеби зад тие еротски соништа се крие страв дека вашата околина нема да го прифати вашиот нов партнер. Вашата потсвест сака да се прочисти и затоа е време да престанете да се криете пред можното неодобрување на околината.
Секс со најдобриот пријател/пријателка
Во реалноста ни на крај памет не ви паѓа да бидете интимни со својот најдобар пријател или пријателка, но зошто тогаш тоа ви доаѓа во соништата? Ова е најчесто одраз на вашата желба и потреба за пријателство и поддршка. Другата можност е дека сакате да бидете по слични на својот пријател, затоа што се воодушевувате на некои негови/нејзини особини или постапки кои вашиот ум се обидува да ги копира. Со пријателката на кафе средба насмејте се на чудните патишта на вашите мисли.
Секс со позната личност
Толкувањето на таквите еротски соништа зависи од тоа кој во сонот има главна улога. Најчесто таквите соништа се само одраз на привлечноста кон одредена славна личност, а некои еротски соништа кријат желба за таков живот. На вашиот живот можеби ми треба доза на гламур и возбудливост, а во исто време сакате повеќе да ви се восхитуваат и да ве почитуваат. Разбудете се и зачекорете во светот полни со самодоверба и оптимизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.