| четврток, 6 декември 2018 |

Oва е поздрав за твојот татко: Претепано 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно момче било претепано вчера на ул.„Индира Ганди“ во Скопје. Инцидентот во ЕИК-Скопје, го пријавил неговиот татко В.Б.. Според неговата изјава додека неговиот 15-годишен син се движел по улицата, бил пресретнат од возило во кое имало три непознати лица, по што едното од нив излегло од истото и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници во пределот на телото.

Пред лицето да се качи во возилото му се обратило на оштетениот дека тоа било поздрав за неговиот татко по што го напуштиле местото на настанот.

Од нападот оштетениот се здобил со видливи повреди.

Се преземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top