Имамот на џамијата, Мохамед Садик, потврдил дека палењето било изведено околу 2 часот по полноќ и дека вратите на џамијата се целосно уништени од пожарот.
Во нападот засега непознати напаѓачи ги запалиле вратите на џамијата „Касмија Захидија“ во исламскиот центар Вила Роуд во Олдам, во близина на Манчестер, а постои сомнение дека мотивот е одмазда за бомбашкиот терористички напад во арената во Манчестер.
Тереза Меј бара поддршка од војската и од полицијата поради можноста од нов напад.
Имамот на оваа џамија, Мохамед Садик, потврдил дека палењето било изведено околу 2 часот по полноќ и дека вратите на џамијата се целосно уништени од пожарот, пренесува „Дејли меил“.
„Некој од соседството повикал пожарна служба, па, за среќа, никој не е повреден во пожарот. Немаме идеја зошто некој би нѐ нападнал нам бидејќи сме религиозен и едукативен центар. Луѓето кои работат овде се многу вознемирени бидејќи никогаш не сме имале проблеми од овој тип до сега“, изјавил Садик.
„Страшно е тоа што се случи во Манчестер, никој не го заслужи тоа. Но, ова не е начин за одговор на теророт. Личноста која го направи ова е болна“, смета тој.
Муслиманската задница во овој дел од Англија испрати повик до своите членови да бидат особено претпазливи поради можноста да им биде загрозена нивната безбедност.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и се истражува кој би можело да биде напаѓачот, иако јавните камери го снимиле лицето за кое се сомневаат дека би можело да го подметне пожарот, основан е сомнежот дека мотивот за овој напад е одмазда за терористичкиот напад во Манчестер.
Уште една џамија била нападната
И централаната џамија во Горбалс во Глазгов била нападната, а на оградата на оваа џамија се појавиле знаци „ИСИС“ напишани во срце. Иако на почетокот се мислело дека овие графити се напишани поради нападот во Манчестер, се испоставило дека полицијата веќе имала дојави за овој чин на вандализам на 20 мај.
Муслиманскиот совет во Велика Британија изјави дека нападот во Манчестер е „страшен и криминален“.
„Мое сочувство за сите жртви и сите повредени, а посебна чест искажувам до полицијата и итните служби кои спасија многу животи. Сторителите нека платат за тоа што го направија и нека се соочат со сериозноста на нивните злосторства во полна сила“, изјави главниот секретар на советот на Харун Кан, пренесува „Индепендет“.
Инаку, во текот на вчерашниот ден во џамијата во Викторија паркот во Манчестер се собраа сите имами на градот со цел да одржат групни молитви за жртвите од стравичниот терористички напад на арената во Манчестер за време на концертот на пејачката Ариана Гранде, во кој беа убиени 22 лица, а најмалку 59 повредени.
извор: точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.