| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се за високи темеператури, поројни дождови и северен ветер

neveme veter dozd vremenska prognozaВремето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локално невреме, појава на град и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 15 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно особено во попладневните часови, со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде од 13 до 22 степена.

До сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови, променливо облачно во попладневните часови, нестабилно, со поројни врнежи од дожд и грмежи.

В четврток ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. Температурата ќе се движи од 14 до 21 степен. В петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани, преку денот ќе има и сончеви периоди, но ќе дува засилен северен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top