Каталонските медиуми откриваат дека Барселона го одбрала наследникот на Луис Енрике, тоа е Ернесто Велверде кој доаѓа од Атлетик Билбао.
„Ел Мундо Депортиво“, весникот близок до Барселона тврди дека Ернесто Велверде ќе биде новиот тренер на каталонскиот клуб, тој ќе потпише две годишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.
Официјалната промоција на Велверде како тренер на Барселона ќе биде во понеделник на 29. мај, два дена по финалето во Купот на Шпанија.
Велверде како фудбалер има играно две сезони за Барселона од 1988 до 1990 година. Тој ќе го замени Луис Енрике кој одлучи да замине од Камп Ноу по крајот на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


