Скопје попладнево е погодно од силнно невреме, со пороен дожд, грмежи и со силен ветер. Попладневниод дожд поплави скопски населби, блокираше одделни улици, а некои улици се тешко проодни.
Од УХМР јавуваат дека на мерното место Зајчев Рид се измерени 32 литри дожд на метар квадратен.
„Во периодот од 16:30 до 17:30 јака нестабилна келија имаше над Скопје, проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер и со правец на движење од запад кон исток. За овој краток временски период на мерното место Зајчев Рид се измерени 32 л/м2 дожд. Сега процесите во скопската котлина се послаби, но и во наредните часови се очекуваат врнежи и поретка појава на грмежи. Во моментов многу јака конвективна келија има во подрачјето на Кавадарци и Неготино со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а според радарската слика најверојатно и со појава на град. Нестабилно е и во околината на Штип, западно од Пробиштип и околу Пехчево“, соопшти УХМР.
Времето и утре во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локално невреме со појава на град и засилен ветер. И во четврток ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.