Илија Несторовски, македонскиот голгетер, кој со своите одлични игри во дресот на Палермо стана хит во Италија, конечно проговори за својата иднина, велејќи дека се гледа како фудбалер на сицилијанскиот тим, иако екипата од идната сезона ќе се натпреварува во Серија Б.
– Чувствувам дека треба да им се извинам на навивачите во мое име и во име на моите соиграчи. Мојата иднина? Имам договор со овој клуб на три години и сакам да го одработам докрај. Мојата иднина е тука, во Палермо – истакна Несторовски.
Иако скоро три месеци е без постигнат гол, Македонецот со 10 гола е прв стрелец на тимот, а за неговите услуги се заинтересирани голем број клубови. Како последен во редот застана чешкиот шампион Спартак Прага, кој е предводен од поранешниот тренер на Интер, Андреа Страмачони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот