| четврток, 6 декември 2018 |

Путин изрази сочувство до Меј поради нападот во Манчестер

putin

Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабоко сочувство до британската премиерка Тереза Меј во врска со трагичните последици од терористичкиот напад во Манчестер, соопшти денеска прес-службата на Кремљ, јави ТАСС.

– Одлучно го осудуваме ова цинично, нечовечно злосторство. Сметаме дека нарачателите нема да ја избегнат заслужената казна – вели Путин во телеграмата со сочувство.

Претседателот на Русија ја потврдува подготвеноста да ја зајакнува соработката во борбата против тероризмот со британските партнери, како на билатерална основа, така и во рамки на широките меѓународни напори, се вели во телеграмата.

Путин исто така изрази сочувство и испрати зборови за поддршка кон семејствата на загинатите, посакувајќи им поскоро закрепнување на ранетите.

Шефот на манчестерската полиција Јан Хопкинс изјави претходно денеска дека во експлозијата, која се случи синоќа, на крајот на концертот на Аријана Гранде во Манчестер арена, загинаа 22 лица, а 59 се повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top