| четврток, 6 декември 2018 |

Икер Касилјас догодина во редовите на „црвените“ од Ливерпул?!

kkasiljas

Икер Касилјас летово станува слободен играч по истекот на договорот со Порто, а многу лесно може да се случи долгогодишниот капитен на Реал Мадрид својата кариера да ја продолжи во дресот на Ливерпул. Ова како информација го објави мадридскиот весник „Ас“, кој повикувајќи се на извори блиски до самиот голман тврди дека Касилјас најсериозно ја разгледува токму понудата од Јирген Клоп.

Причината е јасна, желбата на Касилјас и сезонава да биде дел од Лигата на шампионите, натпреварување во кое досега има 175 настапи зад своето име. Разговорите се веќе започнати, а Касилјас (кој се наоѓа во Мадрид) најавил дека во најскоро време ќе одговори на понудата од Премиер-лигата.

Порто и сезонава не успеа да стигне до титулата во Португалија, но бројките на Касилјас останаа импресивни – тој прими само 23 гола на 43 средби на голот на својот клуб. Јасно е дека во случај на трансфер тој ќе ја има улогата на прв голман во тимот на Јирген Клоп, што би значело нова преселба на клупата за Симон Мињоле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top