| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Политичките памфлети за наводно незаконско работење на ВМРО-ДПМНЕ се неточни и ги отфрламе во целост

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која дејствувала, дејствува и ќе продолжи да дејствува врз основа на закон и само врз основа на закон, и тоа е потврдено од сите институции надлежни за проверка на финансиското работење на политичките партии, истакна Емил Димитриев на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите обиди и политички памфлети, чијашто цел е да се претстави некакво наводно незаконско работење на ВМРО-ДПМНЕ, на раководството и членовите, се неточни и ги отфрламе во целост. Сиот имот на партијата е законски стекнат.

ВМРО-ДПМНЕ, додаде Димитриев, нема купувано ниви и ливади, како што наведува СЈО, кое, пак, сака да ја дефокусира јавноста.

-Членовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и кој било друг граѓанин, има законско право да уплати средства на партиската сметка и сме благодарни за секоја уплата, а истите се користени за партиски работи.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа СЈО да отвори постапка за финансирањето на СДСМ и порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне на ваквите манипулации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top