| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ пресреќен: Трета титула за третиот син!

pero antic

Перо Антиќ стана првиот Македонец со три титули европски првак, па големиот ас неслучајно беше пресреќен по извонредниот меч на Фенербахче и заслужената победа над Олимпијакос. Она што го најави пред фајналфор турнирот во Истанбул, Антиќ и го исполни, третата титула посветувајќи ја на својот трет син.

– Чувството е неверојатно, фантастично… Секогаш е убаво да се игра фајналфор, но овојпат бевме погладни за победа од лани. Пресреќен сум за победата, посакав и ми се исплнии – трета европска титула, за мојот трет син. Имавме извонреден тимски дух и одигравме фантастично од првата до последната минута. Олмипијакос одигра квалитетно, честитки за грчкиот состав за одличната сезона, но мислам и дека ние повеќе ја посакувавме оваа победа – изјави Антиќ по големата победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top