| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО бара од Собранието продолжување на мандатот

sjo katica janeva

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на почетокот на прес-конференцијата, која беше најавена од вчера, побара од новиот состав на Собрание да му го продолжи мандатот, односно периодот во кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе може да отвора истраги и да поднесува обвиненија.

Јанева директно се одбрати до новото парламентарно мнозинство „да го избрише или укине членот 22 од Законот за специјално јавно обивнителство, кој предвидува рок од 18 месеци за истраги и обвиненија“.

Истовремено побара да се усвојат и измени на Законот за заштитени сведоци, што, како што кажа, значително ќе влијае врз работата на СЈО во позитивна насока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top