| четврток, 6 декември 2018 |

„Илинден“: Македонците во Албанија да гласаат за кандидатите на МАЕИ

800px-Tirana_Museum_1988Македонското друштво „Илинден” од Тирана и огранок на друштвото за Голо Брдо преку соопштение искажува подршка за Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за престојните парламентарни избори што во Албанија ќе се одржат на 23 јуни.

Друштвото ги повикува сите Македонци во Република Албанија да гласаат за кандидатите на МАЕИ, како единствена македонска партија.

– Време е ние Македонците да имаме свој претставник во албанскиот Парламент, кој на вистински начин ќе ги претставува нашите проблеми во албанскиот законодавен дом и ќе се бори за унапредување на нашите права и положба. Треба да се обединиме и да ги гласаме македонските кандидати, се вели во соопштението на „Илинден“.

МАЕИ, која е меѓу 25-те полиитчки партии што ја сочинуваат изборната коалиција „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ предводена од Демократската партија на Сали Бериша,  настапува со 86 кандидати Македонци во сите 12 изборни единици.

На гласачкото ливче, МАЕИ е под број 63, и ќе стои името на партијата и нејзиниот симбол – знамето со шеснаесеткракото сонце, жолто на црвена основа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top