Во последните неколку седмици спортските медиуми брујат за иднината на можеби најголемиот фудбалски талент во моментов, Килиан Мбапе. Секој ден доаѓа нова шпекулација за нов тим загреан да го ангажира, но првиот човек на Монако, Вадим Василјев, за првпат проговори на оваа тема и испрати јасна порака до сите заинтересирани клубови.
– Да се разбериме, Килиан Мбапе, нема цена. Доколку тој самиот сака да си замине тогаш ќе започнеме разговори. Дали сме подготвени да одбиеме 100 милиони? Се разбира дека ќе одбиеме, во тоа никој не треба да се сомнева – истакна Василјев.
18-годишниот француски репрезентативец оваа сезона блесна во дресот на Монако и на 43 натпревари постигна 26 гола и запиша 14 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.