Турскиот премиер Реџеп Таир Ердоган ги нарече демонстрантите терористи и ги отфрли обвинувањата дека Турците почнале „турска пролет“ затоа што се обидувал да наметне исламски реформи во секуларна држава
– Ова е протест што го организираат екстремистички елементи и ние нема да им дадеме ништо на оние кои одат рака под рака со тероризмот, рекол Ердоган кој ја обвини опозицијата дека стои зад насилствата.
Во меѓувреме само неколку медиуми во Турција објавија дека на протестите имало втора жртва, додека другите имаат цензура за објавување на информации во врска со демонстрациите. На социјалните мрежи пак се тврди дека бројот на жртви е поголем, а повредени биле 3.000 луѓе.
Насилните протести против изградбата на трговски центар на плоштадот Таксим почнаа пред шест дена и се проширија во 67 градови во Турција. Најжестоките судири меѓу демонстрантите и полицијата се во Истанбул и во Анкара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


