| четврток, 6 декември 2018 |

Невидено славје во Истанбул, Фенербахче е шампион на Европа, Перо Антиќ со трета титула

fenerbahce

Перо Антиќ по третпат е европски првак во кошарка, а турската кошарка ја слави првата европска круна, откако вечерва во „Синан Ердем Дом“ во Истанбул во финалето на завршниот турнир, Фенербахче го совлада Олимпијакос со 80-64.

Турците одлично го почнаа мечот со две забивања на Весели, а кога Калиниќ и Диксон погодија тројки, во 5. минута. Следеше серија на Спанулис и Грин за 16-13 само две минути подоцна. Богдановиќ погоди тројка, а од табла со звукот на сирената реализираше за 26-18 на крајот од првата четвртина.

Грците подобро го почнаа вториот период и Грин погоди тројка, плус Вотерс од отпадок за 27-23. Обрадовиќ постави многу цврста одбрана, Спанулис не минуваше, а пирејците немаа поддршка од кошаркарите од клупата. Кога Богдановиќ погоди нова тројка во 17. минута, Фенер поведе со највисоки +9.

fenerbahce 2

Серијата на избраниците на Жељко Обрадовиќ ја прекина Принтезис со тројка за 35-28, па „бомба“ погоди и Манцарис за 37-32 на 40 секунди до полувремето и тајм-аут на Обрадовиќ. И покрај подоброто издание турскиот првак по 20 минути имаше само +5 (39-34).

Третата четвртина започна со многу цврста игра во одбраната и инерцијата ја „скрши“ Слукас со тројка за 49-42 во 25. минута. Удох и Весели во континуитет ги добиваа дуелите со ривалите и во 37. минута Фенер првпат дојде до двоцифрена предност (54-44). Перо Антиќ влезе во игра во финишот од третиот период и по неговиот дефанзивен скок, Датоме погоди тројка за +13 и там-аут на Сфоиропулос.

fenerbahce 1

Антиќ погоди од слободно фрлање, а со добра одбрана Фенербахче третиот период го заврши со рампата на Удох врз Спанулис за 60-48 на крајот од третиот период. Страшно добрата игра во одбрана и тројката на Антиќ на почетокот од четвртиот период дефинитивно го уништи Олимпијакос (68-50). Од тој момент прелесно екипата на Обрадовиќ го приведе мечот кон крај за победа од 80-64 и европска титула.

Антиќ постигна 4 поени, но одигра многу корисни минути во третиот и четвртиот период. Богдановиќ со 12 и Калиниќ со 10 поени беа најефикасни во победничкиот тим, а Бирх со 14 и Милутинов со 10 поени беа најпозитивни кај Олимпијакос.

Оваа титула за Жељко ОБрадовиќ е деветта во неговата кариера од 11 финалиња во Евролигата и е далеку најтрофеен тренер на стариот контитент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top