| четврток, 6 декември 2018 |

Виновна е турбуленцијата: патници и храна летаа низ авион (фото и видео)

Комерцијалниот лет на Сингапур ерлајнс на релација Сингапур- Лондон се претворил во вистински хорор кој патниците ќе го паметат додека се живи.

Во моментот додека патниците вечерале авионот почнал брзо да тоне, а турбуленцијата била толку силна што патниците почнале буквално да летаат на сите страни. Оброците кои биле сервирани за вечера завршиле на плафонот од авионот.

Во инциндентот биле повредени 12 патници, а еден од нив успеал да сними видео и да направи неколку фотографии.

Turbulence-Picture-3-1930610 Turbulence-Picture-7-1930607 Turbulence-Picture-4-1930605 Turbulence-Picture-5-1930602

–       Изгледаше како да пукна кабел на лифт и почна слободно да паѓа. Како во забавен парк. Се тоа што не беше фиксирано леташе кон плафонот вклучувајќи ги и луѓето, рекол Алан Крос патник во авионот кој тврди дека и покрај тоа што имало најава за турбуленција пилотот дал дозвола да се послужи храна.

Сепак, дел од вината е и кај самите патници затоа што не ја почитувале наредбата на пилотот за задолжително врзување со појас.

Персоналот беше фантастичен, како и патниците кои помагаа на повредените. Кога слетавме екипажот им даваше на патниците чоколади, рекол Крос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top