Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со министерот за траспорт и врски Владо Мисајловски изврши увид во активностите на патот од Скопје кон Сончев Град кој кон средината на јуни ќе биде пуштен во употреба.
-Она што е завршено е асфалтот и сега треба да се постават оградите и да се нацртаат лентите и да се пушти во употреба, проценката е некаде дека за две до три недели некаде околу 4 километри и 400 метри пат кон Сончев Град, кој ќе биде алтернатива и за Сопиште како поблиска релација кон градот Скопје, ќе биде пуштен во употреба. Вкупната сума изнесува 7 милиони и 700 ијади евра нешто што долго се зборуваше во минатото дека натаму треба да се направи овој пат и тој ќе користи и за целата општина Сопиште и за новата населба Сончев Град што треба да се изгради, вели Груевски.
Тој потенцираше дека тоа што го ветиле на граѓаните на Сопиште веќе е во завршна фаза и покрај ова почнува градба на патот Сопиште-Припор, како и изградбата на водоводот кој е во длабока фаза на реализија, проект вреден 2,3 милиони евра. Груевски додаде дека овој водовот се очекува да снабди со вода 12 населени места.
-Исто така во населеното место Света Петка се заврши и реконструкцијата на водоводот и сево ова што го зборувам, сме го ветиле на граѓаните и во нашата програма, но и на терен – рече Груевски.
Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, потенцираше дека до финиширање на патот останува само поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација, како и да се постави ластична ограда за да може да се пушти во употреба.
-Целата инвестиција е вредна 7,7 милиони евра со дополнителните работи што се направени, со дополнителни ископи и дел од земјиштето што поради одроните мораше да го допроектираме – вели Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски