| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Годинава околу 5.500 пензионери ќе ја искористат можноста за бесплатна банско-климатска рекреација

Проектот банско-климатска рекреација е одлично прифатен проект од пензионерите. Оваа година се предвидени околу 5.500 пензионери да заминат на бесплатна банско-климатска рекреација, одговори денес на новинарско прашање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по увидот во реконструираниот Офицерски дом.

-Од нив веќе околу 3.000 заминаа, во моментов има исто така пензионери кои се на банско-климатска рекреација. Веќе наредната тура почнува од 24 мај, предвидува шест полни пансиони, бесплатен транспорт до и од местото, предвидени се здравствени прегледи и се она што е потребно за да се чувствуваат удобно и да се вратат дома задоволни и во подобра здравствена состојба, истакна Груевски.

Тој додаде дека досега околу 36.000 пензионери ја искористиле можноста за бесплатно банско-климатска лекување, покриено од државата.

-Овој проект е еден од поуспешните проекти, затоа што не само што голем број го искористија туку задоволството кај пензионерите е многу големо, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top