| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапирана 17-годишна девојка во Виница: Ја грабнал за да ја силува

Во полициската станица Виница вчера во 10:20 часот, О.Д. (37) пријавил дека 21-годишниот Т.С. извршил обљуба над неговата 17-годишна ќерка.

Т.С. на 19 мај околу 13 часот позади дворот на куќата на О.Д. почнал да изјавува љубов на неговата 17-годишна ќерка, а откако таа му рекла дека не го сака, ја земал во раце и пеш ја однел во близина на Метеоролошката станица во Виница, каде се обидел да изврши обљуба над девојчето.

Ја држел до 07:30 часот на 20 мај по што ја предал на неговиот брат, кој пак ја вратил кај нејзините родители.

Малолетничката била однесена во ЈЗУ-Виница каде било утврдено дека над истата не е извршена обљуба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top