Вечерва, Реал Мадрид го игра мечот на сезоната и со евентуална победа или реми против Малага, по пауза од пет сезони повторно ќе биде шампион на шпанскиот фудбалски шампионат. Зидан на незгодното гостување отпатува со најсилниот состав, а за шпанските медиуми открива дека за него е потешко да се освои Примера, отколку Лигата на шампионите.
– Напорно работиме секој ден и мислам дека ние сме тие кои најмногу го заслужуваме овој трофеј. Примера или Лига на шамиони? Уф, двете натпреварувања се тешки за освојување. За двете мораш да работиш од ден на ден, коло по коло, но можеби потешко е првенството, бидејќи тој трофеј сите го сакаат во овој момент. Очекувам далеку потежок натпревар од оној во Виго. Скоро сите играчи ќе ги имам на располагање, а ме радува фактот што Роналдо е во одлична голгетерска форма – изјави Зидан.
Одлучувачкиот меч за Реал е закажан за вечерва од 20.00 часот, термин, со кој ќе започне и натпреварот меѓу Барселона и Еибар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.