| четврток, 6 декември 2018 |

И денеска променливо време: Попладне пороен дожд, грмежи и град

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи и со појава на град. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен на север и вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 19 до 27 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 24 степени.

И во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и со засилен ветер. Локално особено во јужните делови на земјава се очекува да наврнат пообилни количини на воден талог, особено в недела и во вторник. Можна е и појава на невреме со град и со засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, што ќе предизвика намалување на дневната температура за 5 до 7 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top