Посетителите и учесниците на филмскиот фестивал во Кан се евакуираат поради порака дека има поставена бомба. Информацијата се шири на социјалните мрежи, од луѓе кои во моментов се наоѓаат на местото на настанот.
Според нив евакуацијата е од сериозен обем и веќе илјадници лица го напуштиле комплексот, каде се одржува фестивалот.
– Евакуирани се лицата од киното Дебиси “. Дали станува збор за опасност од експлозија?”прашува еден Французин, кој на својот Твитер профил објави и фотографија од евакуација.
– Има пораки за опасност од експлозија на фестивалот во Кан. Зградата е испразнета. Внатре е пронајден сомнителен пакет. На место работат соработници на безбедноста и полицајци со кучиња – соопштува британски новинар.
Засега нема официјална информација за тоа што се случува во Кан, недостигаат и податоци за степенот на опасноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.