Сликата „Без наслов“ на авангардниот ументик Жан-Мишел Баскијат е продадена на аукција во „Сотби“ за рекордни 110,5 милиони долари.
Ова е рекордна цена постигната за една слика на американски уметник.
Сликата ја купи јапонскиот милионер и колекционер Јусаку Мезава, после десет минути наддавање.
– Среќен сум што можам да изјавам дека добив ремек дело, напиша Мезава на Инстаграм под фотографијата на која се гледа како стои пред сликата.
„Без наслов“ практично беше непозната слика до пред неколку недели кога беше прикажана во „Сотби“.
Мезава во мај минатата година купи уште една слика од Баскијат „Без наслов, 1982“ за 57,3 милиони долари.
Баскијат почина на 28-годишна возраст во 1988 година поради предозирање. Тој е роден на 22 декември 1960 година во Бруклин. Неговиот татко Жерард е од Хаити, а мајка му Матилда е родена во Бруклин, но е со поториканско потекло.
Тој зад себе остави околу една илјада слики и две илјади цртежи. За неговиот живот снимени се два филма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.