| четврток, 6 декември 2018 |

„Жена која седи кај прозорецот“ на Пикасо продадена за над 28 милиони фунти

Сликата на прославниот Пабло Пикасо е од 1932 година и на неа е прикажана неговата љубовница и „златна муза“ Мари-Терез Валтер

На аукција во куќата „Сотби“ во Лондон, продадено е дело на Пабло Пикасо од 1932 година за цена од 28,6 милиони фунти или 33,2 милиони евра. Сликата „Жена која седи кај прозорецот“ е масло на платно со величина 146 на 114 сантиметри е главно дело во групата на импресионистички и модерни слики понудена во „Сотби“ била проценета на меѓу 25 и 35 милиони фунти.

– Одушевени сме што овој монументален портрет, дел од серијата којашто ја воведува неговата „златна муза“ во јавноста, постигнал толку добра цена – изјави Елена Њуман од аукциската куќа.

Сликата била сопственост на еден европски колекционер. Ја купил непознат купувач преку телефон. Инсистирал да остане анонимен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top