Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес на почетокот на посетата на Ријад, престолнината на Саудиска Арабија, бил гостин на кралот Салман на традиционалната церемонија на пиење кафе.
Трамп заедно со својата сопруга Меланија допатувал утрово во Ријад, каде што ги дочекал 81-годишниот крал кој до скалите бил донесен со возило за голф.
Првата дама на САД, Меланија Трамп, допатувала со црни пантолони со златен појас, но не ја покрила главата според прописите за странските службеници кои доаѓаат во Саудиска Арабија. Традицијата до која се придржуваат повеќето гости од Западот неодамна ја прекршила и германската канцеларка Ангела Меркел, кога во текот на посетата на саудискиот крал се појавила без хиџаб и во пантолони.
Интересно е дека Трап своевремено ја критикувал поранешната прва дама Мишел Обама што не носела марама кога ја посетила таа земја во јануари 2015 година со тогашниот претседател Барак Обама.
Во фокусот на вниманието била и најстарата ќерка на Трамп, Иванка, која е и негов советник, а допатувала заедно со Трамп со својот сопруг Џеред Кушнер, како дел од делегацијата на САД. Тие излегле од задната врата на авионот, држејќи се за рака, а се држеле за рака и кога пристигнале во хотелот каде што престојувала делегацијата. Иванка носела долга црна тоалета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меланија флертувала со Путин: Трамп само ги гледал, а тогаш претседателот на Русија со една реченица ја купи првата дама!
-
Критики и неверување: Првата дама на САД потрошила 174 илјади долари за 12 часа
-
Судот ја блокираше мерката на Трамп за забрана на барање за азил
-
Ова е европската Меланија: Сопругата на чешкиот премиер во фокусот на медиумите (галерија)


