| четврток, 6 декември 2018 |

Киев ќе испрати тенкови Т-80 во Донбас

Киев ќе испрати до својата војска во Донбас партија модернизирани тенкови Т-80, соопшти претседателот на Украина Петро Порошенко.

– Уште една партија убавци-тенкови Т-80 ќе биде испратена на високо мобилните десантни сили на Украина на фронтот! Работиме понатаму на зајакнување на нашата одбранбена способност – напиша Порошенко на својата страница на „Фејсбук“ без да прецизира колку тенкови ќе добие војската и кога тоа ќе се случи.

Претходно Порошенко изјави дека при формирањето на државните нарачки од сферата на одбраната за 2017 година треба да се посвети внимание на модернизацијата на старите тенкови, затоа што во државниот буџет нема пари за купување нови. Според него, подобро е да се имаат десет ремонтирани Т-64 или Т-80, отколку еден најнов тенк „Оплот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top