Борусија Дортмунд во неверојатен меч славеше на „Сигнал Идуна парк“ со 4-3 против Вердер и го освои третото место во Бундес-лигата, кое води директно во Лигата на шампионите. Хофенхајм одигра без голови против Аугсбург дома и ќе мора да се задоволи со квалификации за ЛШ.
Во меч со дури четири пресврти, „милионерите“ славеа со два пенали во финишот, кои ги реализираа Ројс и Обамејанг. За Обамејанг тоа беше и 31.гол во сезоната, со што ја освои „Златната копачка“, за еден гол повеќе од Роберт Левандовски.
Баерн Минхен со триумф од 4-1 против Фрајбург им кажа збогум на Филип Лам и на Чаби Алонсо, кои го одиграа последниот меч во кариерата.
Келн со 2-0 го совлада Мајнц и се пласираше во Лигата на Европа.
Резултати Бундес лига последно коло:
Борусија М. – Дармштад 2-2, Баерн Минхен – Фрајбург 4-1, Борусија Дортмунд – Вердер 4-3, Ајнтрахт Ф. – Лајпциг 2-2, Келн – Мајнц 2-0, Хамбургер – Волфсбург 2-1, Херта – Баер Леверкузен 2-6, Хофенхајм – Аугсбург 0-0, Инголштад – Шалке 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
„Баварците“ повторно купуваат од Хофенхајм: Сандро Вагнер е нов напаѓач на Баерн Минхен
-
Баерн Mинхен едвај го победи последниот во Бундеслигата
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани