Припадниците на италијанската поморска полициска патрола „Гуарда ди финанца“, заплениле 2,2 тона мархуана прошверцувана од Албанија.
Дрогата, сместена во пластични вреќи, била натоварена во моторен чамец, долг осум метри, кого полицијата го забележала, напуштен во непосредна близина на брегот кај Вико дел Гаргано, во регион Пуља.
Според полицијата, нарко шверцерите го напуштиле чамецот, најверојатно откако биле забележани од полициска патрола.
Истиот извор потврдува дека дрогата, што, доколку стигнела на европскиот пазарот, ќе вредела 22 милиони евра/
Моторниот чамец испловил од албанскиот пристанишен град Драч.
И покрај зајакнатите мерки на контрола воведени од страна на албанската полиција, шверцот со дрога од Албанија кон другите соседни земји, пред се, кон Италија, воопшто не запира. Во изминатиот период италијанската полиција заплени околу 30 тони марихуана од Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.