| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Ставридис: Во Европа се шири епидемија на мали сипаници, во Македонија расте бројот на невакцинирани

За да се по­стиг­не ко­ле­кти­вен иму­ни­тет што би спре­чил по­ја­ва на епи­де­ми­ја на ма­ли си­па­ни­ци, по­треб­но е оп­фа­тот со две до­зи вак­ци­на про­тив ма­ли си­па­ни­ци на на­ци­о­нал­но и на ре­ги­о­нал­но ни­во да би­де по­ве­ќе од 95 про­цен­ти, а на ло­кал­но ни­во по­ве­ќе од 90 про­цен­ти

До­де­ка Евро­па се бо­ри со ма­ли си­па­ни­ци, во Ма­ке­до­ни­ја рас­те бро­јот на не­вак­ци­ни­ра­ни де­ца од МРП (ма­ли си­па­ни­ци, ру­бе­о­ла и за­раз­ни за­у­шки). Спо­ред из­ве­шта­и­те за спро­ве­де­на и ре­а­ли­зи­ра­на за­дол­жи­тел­на иму­ни­за­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, кои ги под­го­тву­ва Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је, во пос­лед­ни­те три го­ди­ни се ре­ги­стри­ра кон­ти­ну­и­ран пад на оп­фа­тот со пр­ва­та до­за на МРП. Во 2014 го­ди­на, по се­дум го­ди­ни кон­ти­ну­и­ран оп­фат по­ве­ќе од 95 от­сто, прв­пат се ре­ги­стри­ра оп­фат од 93,3 про­цен­ти. Во 2015 го­ди­на про­дол­жу­ва да се на­ма­лу­ва до­стиг­ну­вај­ќи 88,8 про­цен­ти, а во 2016 го­ди­на до­стиг­ну­ва за­гри­жу­вач­ки 82,1 про­цен­ти.

– За раз­ли­ка од оп­фа­тот со пр­ва­та до­за, кај оп­фа­тот со вто­ра до­за не се бе­ле­жи та­ка зна­чај­но на­ма­лу­ва­ње – ве­ли спе­ци­ја­лист д-р Кри­сти­на Ста­ври­дис од Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је.

 

Во Евро­па се ши­ри епи­де­ми­ја на ма­ли си­па­ни­ци, осо­бе­но во оние др­жа­ви ка­де што е на­ма­лен бро­јот на вак­ци­ни­ра­ни де­ца. Кол­ку ре­ал­но е за­гро­зе­на Ма­ке­до­ни­ја?

СТАВ­РИ­ДИС: Епи­де­ми­ја­та на ма­ли си­па­ни­ци во Ро­ма­ни­ја поч­на од фе­вру­а­ри 2016 го­ди­на и сѐ уште е во тек. До­се­га се ре­ги­стри­ра­ни 5.290 за­бо­ле­ни ли­ца и 25 смрт­ни слу­чаи. Во 2016 го­ди­на се ре­ги­стри­ра­ни епи­де­мии во не­кол­ку европ­ски зем­ји (Фран­ци­ја, Ир­ска, Анг­ли­ја, Велс, Ита­ли­ја), а во те­кот на 2017 го­ди­на про­дол­жу­ва да се ре­ги­стри­ра зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на слу­чаи на ма­ли си­па­ни­ци во по­ве­ќе европ­ски зем­ји. Мо­мен­тал­но се во тек епи­де­мии во Бел­ги­ја, Ав­стри­ја, Гер­ма­ни­ја и во Ита­ли­ја. Епи­де­ми­и­те во Ир­ска, Бел­ги­ја и во Ав­стри­ја се епи­де­ми­о­ло­шки по­вр­за­ни со слу­чаи пре­не­се­ни од Ро­ма­ни­ја. Во Бу­га­ри­ја оваа го­ди­на се ре­ги­стри­ра­ни 65 слу­чаи, и еден смр­тен ис­ход од ма­ли си­па­ни­ци.

Во Ма­ке­до­ни­ја во те­кот на 2016 го­ди­на и до­се­га во 2017 го­ди­на не е ре­ги­стри­ран слу­чај на ма­ли си­па­ни­ци. Но, опас­ност од пре­не­се­ни слу­чаи се­ко­гаш по­стои, осо­бе­но ко­га ма­ли­те си­па­ни­ци ги има во со­сед­ни­те др­жа­ви. Пос­лед­ни­те до­стап­ни по­да­то­ци од Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја (СЗО) за вак­ци­нал­ни­от оп­фат ука­жу­ва­ат де­ка во по­го­лем дел од зем­ји­те на Евро­па оп­фа­тот со вак­ци­на про­тив ма­ли­те си­па­ни­ци е под оп­ти­мал­ни­те 95 про­цен­ти, со тоа се зго­ле­му­ва по­тен­ци­јал­ни­от ри­зик од по­ја­ва, ши­ре­ње и пре­не­су­ва­ње во дру­ги европ­ски зем­ји, ме­ѓу кои и во на­ша­та зем­ја.

 

Во Ма­ке­до­ни­ја во пос­лед­ни­те три го­ди­ни рас­те про­цен­тот на не­вак­ци­ни­ра­ни де­ца. Што по­ка­жу­ва­ат по­да­то­ци во Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је?

СТАВ­РИ­ДИС: Во сог­лас­ност со из­ве­шта­и­те за спро­ве­де­на и ре­а­ли­зи­ра­на за­дол­жи­тел­на иму­ни­за­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, кои ги под­го­тву­ва Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је, во пос­лед­ни­те три го­ди­ни се ре­ги­стри­ра кон­ти­ну­и­ран пад на оп­фа­тот со пр­ва­та до­за на МРП (ма­ли си­па­ни­ци, ру­бе­о­ла и за­раз­ни за­у­шки). Во 2014 го­ди­на, по се­дум го­ди­ни кон­ти­ну­и­ран оп­фат над 95 про­цен­ти, прв­пат се ре­ги­стри­ра оп­фат од 93,3 про­цен­ти. Во 2015 го­ди­на про­дол­жу­ва да се на­ма­лу­ва до­стиг­ну­вај­ќи 88,8 про­цен­ти, а во 2016 го­ди­на до­стиг­ну­ва за­гри­жу­вач­ки 82,1 про­цен­ти. За раз­ли­ка од оп­фа­тот со пр­ва­та до­за, кај оп­фа­тот со вто­ра до­за не се бе­ле­жи та­ка зна­чај­но на­ма­лу­ва­ње. Во из­ми­на­ти­те де­сет го­ди­ни, оп­фа­тот со вто­ра до­за бил над 95 от­сто, до­де­ка во 2015 и во 2016 го­ди­на се ре­ги­стри­ра оп­фат од 93,4 про­цен­ти, од­нос­но 93,3 про­цен­ти. При­чи­на­та за па­дот на оп­фа­тот во нај­го­ле­ма ме­ра е ре­зул­тат на вли­ја­ни­е­то на ло­би­то што е про­тив вак­ци­ни­ра­ње, кое зе­ма сė по­го­лем за­мав и во на­ша­та зем­ја и кое при­до­не­су­ва ро­ди­те­ли­те да ја од­ло­жу­ва­ат или да ја од­би­ва­ат оваа вак­ци­на кај сво­и­те де­ца.

 

Да­ли по­ра­ди тој про­цент е мож­но да се по­ја­ви епи­де­ми­ја на ма­ли си­па­ни­ци?

СТАВ­РИ­ДИС: За да се по­стиг­не ко­ле­кти­вен иму­ни­тет што би спре­чил по­ја­ва на епи­де­ми­ја на ма­ли си­па­ни­ци, по­треб­но е оп­фа­тот со две до­зи вак­ци­на про­тив ма­ли си­па­ни­ци на на­ци­о­нал­но и на ре­ги­о­нал­но ни­во да би­де по­го­лем од 95 про­цен­ти, а на ло­кал­но ни­во по­го­лем од 90 про­цен­ти. По­да­то­кот што по­ка­жу­ва на­ма­лу­ва­ње на оп­фа­тот ука­жу­ва на фа­ктот де­ка се зго­ле­му­ва бро­јот на не­вак­ци­ни­ра­ни, а со тоа и бро­јот на осет­ли­ва по­пу­ла­ци­ја. Би­деј­ќи ма­ли­те си­па­ни­ци се при­сут­ни во мно­гу зем­ји во Евро­па и во све­тот, пре­не­су­ва­ње­то на ма­ли­те си­па­ни­ци се­ко­гаш е воз­мож­но. До­кол­ку та­ков слу­чај се по­ја­ви во сре­ди­на на осет­ли­ви ли­ца, не­вак­ци­ни­ра­ни, ши­ре­ње­то на бо­ле­ста не е иск­лу­че­но. Ма­ли­те си­па­ни­ци се ви­со­ко­кон­та­ги­оз­но за­бо­лу­ва­ње, па се­кој што не е за­шти­тен со вак­ци­на, има ри­зик да за­бо­ли. Ли­ца­та што не се вак­ци­ни­ра­ни од ко­ја би­ло при­чи­на, вклу­чу­вај­ќи ги и тие што ја од­би­ва­ат вак­ци­на­ци­ја­та, има­ат ри­зик да за­бо­лат и да ја ши­рат бо­ле­ста на тие што не мо­жат да се вак­ци­ни­ра­ат по­ра­ди одре­де­ни здрав­стве­ни со­стој­би или на тие што не ја до­стиг­на­ле во­зра­ста за вак­ци­на­ци­ја.

 

Освен вак­ци­ни­ра­ње, да­ли по­стои дру­га за­шти­та од ма­ли си­па­ни­ци?

СТАВ­РИ­ДИС: Единс­тве­на ефи­кас­на пре­вен­тив­на мер­ка про­тив за­бо­лу­ва­ње од ма­ли си­па­ни­ци е вак­ци­на­ци­ја­та. Вак­ци­на­та про­тив ма­ли си­па­ни­ци е си­гур­на и без­бед­на. Нај­че­сто се ко­ри­сти ком­би­ни­ра­на вак­ци­на, т.н. МРП, ко­ја исто­вре­ме­но пре­диз­ви­ку­ва иму­ни­тет про­тив ма­ли си­па­ни­ци, ру­бе­о­ла и за­раз­ни за­у­шки. Во на­ша­та зем­ја вак­ци­на­ци­ја­та про­тив ма­ли си­па­ни­ци е за­дол­жи­тел­на, а се спро­ве­ду­ва со да­ва­ње две до­зи вак­ци­на. Во сог­лас­ност со Пра­вил­ни­кот за иму­ни­за­ци­ја, пр­ва­та до­за се да­ва ко­га де­те­то ќе на­вр­ши 12 ме­се­ци од жи­во­тот, а вто­ра­та до­за во пр­во од­де­ле­ние при поч­ну­ва­ње на ос­нов­но­то обра­зо­ва­ние (на 6 го­ди­ни).

 

Да­ли не­вак­ци­ни­ра­ни­те де­ца ги за­гро­зу­ва­ат и тие што ја при­ми­ле вак­ци­на­та про­тив ма­ли си­па­ни­ци?

СТАВ­РИ­ДИС: Вак­ци­на­та про­тив ма­ли си­па­ни­ци е мно­гу ефе­ктив­на, со пр­ва­та до­за ефе­ктив­но­ста од пре­вен­ци­ја на ма­ли си­па­ни­ци е око­лу 93 про­цен­ти, а со вто­ра­та до­за ефе­ктив­но­ста се зго­ле­му­ва до 97 про­цен­ти. Тоа зна­чи де­ка са­мо три од 100 ли­ца што при­ми­ле две до­зи ќе за­бо­лат од ма­ли си­па­ни­ци, но са­мо ако би­дат екс­по­ни­ра­ни на ви­ру­сот. Кај овие ли­ца иму­ни­те­тот на ор­га­низ­мот не е до­во­лен за да го спре­чи по­ја­ву­ва­ње­то на бо­ле­ста, но до­кол­ку се по­ја­ви бо­лест, симп­то­ми­те се мно­гу бла­ги. Комп­лет­но вак­ци­ни­ра­ни­те ли­ца има­ат по­ма­ла ве­ро­јат­ност да ја ши­рат бо­ле­ста на дру­ги ли­ца, вклу­чу­вај­ќи ги и ли­ца­та што не мо­жат да се вак­ци­ни­ра­ат по­ра­ди во­зра­ста или по­ра­ди иму­но­ко­про­ми­ти­ра­на­та со­стој­ба.

 

Зо­што се фа­тал­ни ма­ли­те си­па­ни­ци? Ка­ко се ма­ни­фе­сти­ра бо­ле­ста кај де­ца­та, а ка­ко кај во­зрас­ни­те? Ка­кви комп­ли­ка­ции мо­же да пре­диз­ви­ка?

СТАВ­РИ­ДИС: Ма­ли­те си­па­ни­ци се ма­ни­фе­сти­ра­ат со ти­пич­на кли­нич­ка сли­ка ко­ја се раз­ви­ва по ин­ку­ба­ци­ски пер­и­од од 10-12 де­на. Пр­ви­те зна­ци се по­ка­че­на те­лес­на тем­пе­ра­ту­ра, по­ви­со­ка од 39 сте­пе­ни, ма­ла­кса­ност, су­ва каш­ли­ца, цр­ве­ни „плач­ли­ви“ очи, бол­ка во гр­ло­то и те­че­ње на но­сот. По не­кол­ку де­на се ја­ву­ва ти­пи­чен исип, кој поч­ну­ва од гла­ва­та, нај­че­сто зад уши­те, по­тоа го за­фа­ќа те­ло­то, ра­це­те и на кра­јот но­зе­те. Сим­то­ма­то­ло­ги­ја­та кај де­ца­та и кај во­зрас­ни­те е иста, со тоа што кај во­зрас­ни­те мо­же да би­де по­сил­но изра­зе­на.

Комп­ли­ка­ции од ма­ли си­па­ни­ци мо­же да се по­ја­ват во си­те во­зрас­ни гру­пи, но, се­пак, де­ца­та под 5 го­ди­ни и во­зрас­ни­те над 20 го­ди­ни има­ат по­го­ле­ма ве­ро­јат­ност да раз­ви­јат комп­ли­ка­ции. Нај­че­сти комп­ли­ка­ции се: вос­па­ле­ние на сред­но­то уво, кое мо­же да до­ве­де до трај­но оште­ту­ва­ње на слу­хот, и ди­ја­ре­ја. Те­шки комп­ли­ка­ции, кои мо­же да има­ат смр­тен ис­ход се пнев­мо­ни­ја (вос­па­ле­ние на бе­ли­те дро­бо­ви) и ен­це­фа­ли­тис (вос­па­ле­ние на мо­зо­кот). Смрт­но­ста од ма­ли си­па­ни­ци е ре­зул­тат на комп­ли­ка­ци­и­те и из­не­су­ва 1-3 ли­ца на 1.000 за­бо­ле­ни. Нај­че­ста при­чи­на за смр­тен ис­ход кај де­ца­та е пнев­мо­ни­ја­та, а кај во­зрас­ни­те акут­ни­от ен­це­фа­ли­тис.

 

Кам­па­ња­та про­тив вак­ци­ни­ра­ње трае со го­ди­ни. Ка­ко да им се об­јас­ни на ро­ди­те­ли­те де­ка со вак­ци­ни­ра­ње­то го шти­тат здрав­је­то на сво­е­то де­те?

СТАВ­РИ­ДИС: Пред во­ве­ду­ва­ње на вак­ци­на­ци­ја­та во 1972 го­ди­на, во Ма­ке­до­ни­ја про­сеч­но го­диш­но од ма­ли си­па­ни­ци за­бо­лу­ва­ле по­ве­ќе од 9.000 слу­чаи, од кои по­ве­ќе од 20 за­вр­шу­ва­ле со смр­тен ис­ход. По­да­то­кот де­ка во те­кот на пос­лед­ни­те три го­ди­ни е ре­ги­стри­ран са­мо еден слу­чај на ма­ли си­па­ни­ци во Ма­ке­до­ни­ја ука­жу­ва на ефи­кас­но­ста и на ефе­ктив­но­ста на вак­ци­на­та. Со вак­ци­ни­ра­ње­то се шти­ти де­те­то не са­мо од за­бо­лу­ва­ње од ма­ли си­па­ни­ци, ту­ку и од комп­ли­ка­ции што мо­же да има­ат фа­та­лен ис­ход. Не по­стои спе­ци­фи­чен трет­ман за ма­ли си­па­ни­ци, а вак­ци­на­та е единс­тве­на пре­вен­тив­на мер­ка. При­до­би­вки­те од вак­ци­на­ци­ја­та ги над­ми­ну­ва не­са­ка­ни­те ефе­кти од вак­ци­на­ци­ја­та. Вак­ци­на­та про­тив ма­ли си­па­ни­ци се упо­тре­бу­ва по­ве­ќе од 50 го­ди­ни. Во 2015 го­ди­на око­лу 85 от­сто од де­ца­та во све­тот при­ми­ле ед­на до­за вак­ци­на про­тив ма­ли си­па­ни­ци до нив­ни­от втор ро­ден­ден, нас­про­ти 73 про­цен­ти во 2000 го­ди­на. Во пер­и­о­дот од 2000 до 2015 го­ди­на се про­це­ну­ва де­ка вак­ци­на­ци­ја­та про­тив ма­ли си­па­ни­ци спре­чи­ла 20,3 ми­ли­о­ни смрт­ни слу­чаи на ма­ли си­па­ни­ци во све­тот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top