| четврток, 6 декември 2018 |

Авион не полетал бидејќи бил полн со мажи

Авионот кој во петокот требало да полета од Ливерпул за Женева не полетал поради тоа што имало премногу мажи во авионот.  Претставници на авиокомпанијата Easyjet замолиле четворица мажи да го напуштат авионот за тој да може да полета. Дел од патниците ја прифатиле необичната молба на компанијата, а за тоа подоцна биле и наградени. Им било платено по 120 евра отштета.

Причината не била полот на патниците, туку тежината. Авиокомпаниите најчесто сметаат просек на тежина на патници- мажи од 888 килограми, на патници – жени по 70 килограми и 35 килограми по патник – дете. Во овој случај имало 135 мажи, а  само 19 жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top