| четврток, 6 декември 2018 |

Трпчески одушеви со светската премиера на „Македонисимо“ на Фестивалот во Германија

Бувчанско, Малешевка, Црногорка, Беранче, Велигденско, Пелистерско, Поступано, но и Филка мома, Чие е она девојче,... во препознатливите македонски ритми аранжерски облагородени во соработка со нашиот композитор Панде Шахов и изведени заедно со тимот во чиј состав виртуозно „одиграа“ и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов од Бугарија на виолончело, потоа на кларинет, саксофон и на кавал специјално за оваа прилика Хидан Мамудов а зад удиралките и Влатко Нушев; синоќа ја одушевија германската публика на престижниот Фестивал во Лудвигсбург

Симон Трпчески освен на пијано свиреше и на хармоника, па дури и запеа на светската премиера на неговиот најнов проект со музика од Македонија, насловен „Македонисимо“.

Бувчанско, Малешевка, Црногорка, Беранче, Велигденско, Пелистерско, Поступано, но и Филка мома, Чие е она девојче,… во препознатливите македонски ритми аранжерски облагородени во соработка со нашиот композитор Панде Шахов и изведени заедно со тимот во чиј состав виртуозно „одиграа“ и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов од Бугарија на виолончело, потоа на кларинет, саксофон и на кавал специјално за оваа прилика Хидан Мамудов а зад удиралките и Влатко Нушев; синоќа ја одушевија германската публика на престижниот Фестивал во Лудвигсбург.

trpceski

„Ептен македонско“, како што во шега знае да каже носителот на нашиот културен идентитет во светот наиде на овации кај пребирливата фестивалска публика, јавува „КултурОп“ со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

– Луѓето беа одушевени и мене ми е исклучително драго што на овој начин се заокружи овој проект што вклучува сплетови од македонски ора со неколку песни кои и’ носат шарм на целата инструментална димензија од 80 минути музика. Искрено се радувам и едвај ги чекам следните изведби на проектот и се надевам дека насекаде низ светот каде што ќе успеам да го претставам ќе наиде на убав прием кај публиката“ – изјави Трпчески за „Македонскато радио“, пресреќен од приемот на праизведбата на својот долгоосмислуван проект што му го посвети на македонскиот народ.

Задоволството од соработката со Трпчески и приемот на нивната заедничка работа врз претставувањето на музиката од Македонија не го криеја и другите членови на овој своевиден камерен состав.

Веќе е закажана и првата реприза на „Македонисимо“. Честа следна да го слушне овој проект ќе ја има словенечката публика на 6 јули во Љубљана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top